СЕ ГОРДЕАМ СО НОВАТА ГРАДИНКА „ПРОЛЕТ“ Герасимовски за достигнувањата во својот мандат

Инвестиравме во училиштата, во нови спортски сали и подобрување на условите за учениците, обезбедивме ново ЛЕД-осветлување во целата општина, со што ги намаливме сметките за струја и ја зголемивме безбедноста – наведе Герасимовски, актуелен градоначалник на Општина Центар и кандидат на СДСМ на претстојните локални избори за истата функција.

73

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во интервју за Радио Лидер информираше дека е многу горд на отворањето на новата градинка „Пролет” којашто е најмодерната и најурбана градинка во целата земја.

Герасимовски, потенцираше дека се реконструирани сите останати градинки на територија на Центар, а денеска најмалите жители имаат најдобри услови.






– Градинката „Пролет” не само што е модерна, урбана и најдобра во државата, туку чини само 900 евра по квадрат. Тука се покажува нашето домаќинско работење и се докажува колку инвеститорите веруваат во Центар. Инвестиравме во училиштата, во нови спортски сали и подобрување на условите за учениците. Со тоа ги исполнуваме и ги задоволуваме капацитетите, особено во училиштето Коле Неделковски – рече Герасимовски.

Тој, изјави дека оваа година, сите 4.900 ученици во Центар ја почнале школската година со бесплатни униформи, од прво до деветто одделение.

– Посебно сум горд на тој прв училишен ден, каде што се интонираше македонската химна, сите беа во нови униформи со обележја на училиштето и на општината, и се подигнуваше јарболот со македонското знаме. Покрај вложувањето во образованието, обезбедивме ново ЛЕД-осветлување во целата општина, со што ги намаливме сметките за струја и ја зголемивме безбедноста, и на пешаците, и на возилата. После повеќе од 50 години и многу ветувања од моите претходници и колеги, ја реконструираме нашата спортска сала „Работнички”. Верувам дека до крајот на месец октомври истата ќе биде ставена во функција. Правиме притисок за да се заврши навреме – посочи Герасимовски.

Во емисијата, Герасимовски, истакна дека е поставено ново зеленило во општината, а во моментов се работи на проектот за нова општинска зграда, со кој ќе се реши проблемот со паркирањето во Дебар Маало.

Поврзани содржини