„СЕ ГОРДЕАМ СО МОЈАТА СНАА“ Кралот Чарлс ѝ даде поддршка на Кејт Мидлтон која откри дека има рак
Чарлс, кому исто така му беше дијагностициран рак по интервенција за зголемена простата, останува во „најблизок контакт со својата сакана снаа“, соопшти Бакингемската палата.
Британскиот крал Чарлс изјави дека е многу горд на Кетрин за нејзината храброст да зборува по објавата на принцезата од Велс дека има рак.
Чарлс, кому исто така му беше дијагностициран рак по интервенција за зголемена простата, останува во „најблизок контакт со својата сакана снаа“, соопшти Бакингемската палата.
„И двете нивни височества ќе продолжат да ја даваат својата љубов и поддршка на целото семејство во овој тежок период“, се вели во соопштението.
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска откри дека ѝ е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија.
📽 КЕЈТ МИДЛТОН ОТКРИ ДЕКА ИМА РАК Принцезата се огласи преку видео порака