СЕ ГЛЕДАМЕ ВО 2024 ИЛИ ПАК НЕ? Дали Бајден пак ќе се кандидира за претседател?

Грешките за време на јавните говори се редовна појава за Бајден, дури и самиот тој во минатото изјави дека е „гаф машина“, додава „Експрес“.

421

Плановите на американскиот претседател Џозеф Бајден за претседателската кандидатура во 2024 година беа предмет на шпекулации, и додека самиот Бајден рече дека „очекува“ да се кандидира, анонимен советник рече дека тоа нема да се случи затоа што Бајден тогаш ќе има 82 години.

Според британски „Експрес“, Бајден во саботата направил вербален гаф, наведувајќи дека се вакцинирани 350 милиони Американци, што е за 20 милиони повеќе отколку што има жители во САД.






Се верува дека Бајден го заменил бројот на вакцинирани со број на поделени дози, што е близу 350 милиони, а реалниот број на целосно вакцинирани Американци е 166 милиони, што претставува приближно половина од американското население.

Грешките за време на јавните говори се редовна појава за Бајден, дури и самиот тој во минатото изјави дека е „гаф машина“, додава „Експрес“.

Во декември 2019 година, четири лица блиски до Бајден за „Политико“ рекоа дека тој нема да се кандидира за претседател во 2024 година.

Помошниците рекоа дека демократите не сакаат јавно да соопштат дека размислуваат да ја прескокнат следната кандидатура.

Еден советник рече дека „ако е демократски кандидат, ќе има 82 години и нема да оди на реизбор“.

Директорката за комуникации во администрацијата на Бајден, Кејт Бединфилд го негираше извештајот, велејќи дека кандидатот и неговиот тим од кампањата сѐ уште не ја разгледуваат оваа опција.

– Многу се зборува наоколу, затоа сакаме да бидеме кристално јасни, ова не е тема на нашите разговори – рече Бединфилд преку Твитер.

Бајден во март рече дека планира да се кандидира и во 2024 година, и покрај гласините дека потпретседателката Камала Харис може да биде кандидат.

– Мојот одговор е – да. Планирам повторно да „трчам“, тоа се моите очекувања – рече Бајден.

Поврзани содржини