СÈ ГЛЕДАЛ, КАКО СЕ МЕНУВААТ ШАРЖЕРИ, КАКО ПАЃААТ ТЕЛАТА Сведочеше мајка на момче кое го преживеало масакрот во Владислав Рибникар
Во сведочењето жената открила дека син ѝ се движел низ ходникот, повреден, гледал мртви другари, се вратил во училницата по мобилниот телефон, па повторно излегол за да повика помош. Преживеал хорор сцени какви што се гледаат само во воени зони.
„Сè гледал. Како (напаѓачот) менува шаржери, како пука, како паѓаат телата“.
Вака изјавила мајката на преживеано момче кое било ранет во масакрот што се случи на 3 мај 2023 во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, пишува српски „Мондо“ повикувајќи се на напис од српски „Курир“. Таа заедно со сопругот поднела тужба против момчето-напаѓач Коста Кецмановиќ и против неговите родители за што во Вишиот суд во Белград, на 27 август, се одржа рочиште.
Мајката во претходно сведочење рекла дека ранетиот син ѝ се јавил неколку минути по нападот, додека уште крварел.
– Мамо, ме застрелаа. Не можам да се движам – изјавило детето преку телефон.
Во сведочењето жената открила дека син ѝ се движел низ ходникот, повреден, гледал мртви другари, се вратил во училницата по мобилниот телефон, па повторно излегол за да повика помош. Преживеал хорор сцени какви што се гледаат само во воени зони.
– Сè уште се плаши од гласни звуци, се буди ноќе, има трауми. Спие до нас. Вели: „ако (Коста Кецмановиќ) дојде пак, нема каде да бегаме“ – сведочела мајката.
Таа објаснила дека момчето добило прострелна рана во потколеницата и дека итно било пренесено во ургентен центар. Таму, по првичен шок, било утврдено дека раната не му го загрозува животот и дека бил подложен на хируршка интервенција.
– Од болницата не’ викнаа по два дена. Ни ја вратија облеката. Сè беше крваво и исечено – изјави мајката велејќи дека момчето не сака да се сеќава на немилиот настан, но дека „сè се повторува кога ќе се стемни“.
Според сведочењето, ранетото момоче и напаѓачот Коста Кецмановиќ, негов соученик, не биле во конфликт. Седеле во иста клупа, заедно оделе на саем на книги, па дури и имало симпатии меѓу семејствата.
На 3 мај 2023 година, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, убивајќи 9 ученици и еден чувар, а рани уште шестмина. Нападот започна рано наутро, кога ученикот, вооружен со пиштоли на својот татко, ладнокрвно пукаше по соученици и наставници, а потоа сам ѝ се предаде на полицијата.
Бидејќи е малолетен, Кецмановиќ засега не може да биде кривично гонет, но неговите родители се осудени – таткото на 14,5 години, мајката на 3 години затвор. Настанот предизвика шок низ Србија и пошироко, покрена масовни протести под мотото „Србија против насилство“ и доведе до засилени мерки за контрола на оружјето, вклучувајќи ја и најмасовното доброволно предавање на нелегално оружје во историјата на земјата.