СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ НА КРИЗАТА НА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Следната година се очекува раст од 1,5%
Економскиот ефект од најавените инвестиции, намалувањето на даноците и зголемената потрошувачка ќе изнесува околу 10 милијарди евра оваа година, а дури 57 милијарди евра во 2026 година
Германската економија ќе излезе од тригодишната криза следната година, проценува германскиот институт ИФО.
Експертите на ИФО предвидуваат дека во 2026 година, германскиот домашен бруто производ (БДП) ќе порасне за 1,5%. Тоа е речиси двојно повеќе од 0,8 проценти првично предвидени за следната година, објави Тагешау.
Институтот, исто така, малку ја зголеми својата прогноза за годинава, од 0,2 на 0,3%. Се предвидува оваа година инфлацијата да изнесува 2,1%, додека следната година да биде околу 2%.
Според проценките на експертите, една од причините за очекуваниот раст е финансискиот пакет на новата влада. Економскиот ефект од најавените инвестиции, намалувањето на даноците и зголемената потрошувачка ќе изнесува околу 10 милијарди евра оваа година, а дури 57 милијарди евра во 2026 година.
И Институтот за светска економија Кил (IfW) исто така предвиде раст на германската економија од 1,6% следната година.