СЕ ГАСНЕ ПОЖАР ВО СЕМЕЈНА КУЌА ВО ДЕЛЧЕВО Гори и во селото Очипала, екипите се на терен
Во моментот се гасне вториот кат од куќата откако пожарот на долниот дел од куќата е локализиран. Како што додадоа од ТППЕ Делчево се прават напори пожарот да не се прошири на околните куќи во населбата Први Реон во Делчево. Апелираа возачите да ги отстранат своите возила за да можат возилата на единицата да се движат непречено.
Во Делчево во тек e акција за гаснење пожар кој зафати семеен дом на улица „Голачка“. Во моментот на терен се две возила со десетина пожарникари кои учествуваат во гаснењето на пожарот.