СЕ ГАСИ НАЈСТАРАТА КРАФТ ПИВАРНИЦА ВО САД Пивото „Анкор“ на пазарот беше присутно 127 години

„Анкор бруинг“ е основана 1896 година, кога Ернст Барут и Ото Шинкел Јуниор купиле сала за правеење пиво и за билијард, во Сан Франциско.

145

Пиварницата основана во Сан Франциско во 1896 година, која тврди дека е првата што создава занаетско пиво, згаснува.

Јапонскиот гигант за производство на пиво „Сапоро“, кој го купи „Анкор“ во 2017 година, објави дека обидите за оживување на брендот – не успеаја. Компанијата соопшти и дека се неуспешни сите обиди за продажба на пиварницата и дека во изминатите години пиварницата била во загуба.






– Ова беше многу тешка одлука. Свесни сме за важноста и историската важност на „Анкор“ за Сан Франциско и занаетчиската индустрија, но влијанијата на пандемијата, инфлацијата, особено во Сан Франциско, како и силниот пазар, ја оставија компанијата без опции, поради што ја прекинува работата – рече портпаролот на „Анкор“, Сем Сингер.

Пиварницата „Анкор“ беше наречен „кум“ во заживувањето на американското занаетско пиво.

„Анкор бруинг“ е основана 1896 година, кога Ернст Барут и Ото Шинкел Јуниор купиле сала за правеење пиво и за билијард, во Сан Франциско. Првичната локација изгорела во пожар по земјотресот од 1906 година, но погонот бил преместен и компанијата продолжила со работа.

Поврзани содржини