СЕ ФОТОГРАФИРАЛ ГУШНАТ СО СОПРУГАТА И СО ЉУБОВНИЦАТА, А ПОТОА ГИ УБИЛ ДВЕТЕ, ПА СЕ САМОУБИЛ Фотографии на социјалните мрежи сведочат за бизарни и опасни врски
Навидум „обична“ трагедија во Крушевац. Убил две жени и се самоубил. Но, на социјалните мрежи осамнаа фотографии кои на настанот му дадоа нота на бизарност.
Српските медиуми ја пренесоа веста дека рано утринава извесен Зоран Р.(54) од селото Милутовац со огнено оружје тешко ја ранил љубовницата И.К.(44) во Крушевац, а потоа меѓу селата Кукљин и Јасика ја убил и сопругата В.Р. (50), по што се самоубил.
Трагичен настан, но не толку редок во голема земја каква што е Србија.
Она што ја прави оваа вест бизарна се настаните кои им претходеле на трагичните настани.
Така, на социјалните мрежи осамнаа фотографии на кои Зоран ги гушка сопругата и љубовницата.
Има и фотографија на која тие двете се прегрнуваат и позираат покрај сообраќајниот знак на влезот во селото Милутовац, од каде што е убиецот Зоран.
Засега не се знае дали Зоран и И.К. биле љубовници во моментот кога се снимени овие фотографии и дали неговата сопруга знаела за неговата врска.
ДРАМА ВО КРУШЕВАЦ Маж ја ранил љубовницата, ја убил сопругата и на крајот си пресудил