Се формира работна група за проверка на безбедноста на изворниот код за апликација „СтопКорона!“
Нивна задача ќе биде да извршат проверка на соодветност на изворниот код со намената и целта на апликацијата, како и нејзина безбедноста.
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои „Информација за преземање на потребни дејствија за мобилната апликација „СтопКорона!“.
Како што е соопштено, министерот за здравство Венко Филипче треба да донесе решение за формирање на работна група за вршење увид во изворен код на мобилната апликација „СтопКорона!“, составена од независни членови со соодветни познавања.
Нивна задача ќе биде да извршат проверка на соодветност на изворниот код со намената и целта на апликацијата, како и нејзина безбедноста.
Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација по завршување на потребата од постоење на апликацијата „СтопКорона!“, да предаде копија од виртуелната машина на Министерството за здравство заедно со целокупната база на податоци, да ја изгасне наведената виртуелна машина и трајно да ја избрише, како и трајно да ги избрише сите податоци кои се зачувуваат за потребите на функционирањето на апликацијата.