СЕ ФАТИЛО ЗА ЦЕВКА И ДОБИЛО ИЗГОРЕНИЦА Роденден во игротека во Скопје завршил лошо за малолетно девојче
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје, Б.Т.(45) од Скопје пријавил дека на 16.10.2023 околу 19.30 часот во игротека во скопско, на прослава на роденден на неговиот малолетен син, неговата малолетна ќерка се фатила за една од цевките во објектот, при што се здобила со изгореница на раката од струен удар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.