Сè ќе дадете – за ништо!

Ако ова го прифатиме, правиме вистински цивилизациски и културен масакар од европските вредности и од нашите национални интереси, јазик, култура, историја и образование.

1,817

Нема каде да се брза кон ЕУ, затоа што самиот суштински процес не е брз. Ќе трае најмалку 15-20 години.

Притоа ЕУ ја очекуваат системски реформи, како отстранување на едногласноста и силата на ветото. За неколку години Бугарија ќе нема со што да нè уценува.






Да, ЕУ ја очекуваат и концентрични кругови на интеграција, ама тоа ќе се случи и да си во преговори и да не си.

Така што, времето не е сега и никаде не гори за да се потпише ваков лош договор, без јасен исход и без можности ние нашиот дел да го оствариме.

Второ, ако ова го прифатиме, правиме вистински цивилизациски и културен масакар од европските вредности и од нашите национални интереси, јазик, култура, историја и образование.

Конечно има нешто што се вика историска вистина, морална исправност, национална гордост, што ако еднаш во животот не ги демонстрираш и не се заложиш за нив, нема никогаш да бидеш почитуван од поголемите и посилните.

Затоа, не ни правите и не и правите на Европа лоша услуга. Сè ќе дадете – за ништо.

Релативизмот, дефетизмот и политичката заслепеност се опасна болест.

Постојаното повторување на “моментот е сега” стана императив со оваа Влада, гарнитура и коалиција. Демек сè е ургентно, се мора брзо, возот не нè чека.

Па режим само буткавме преку 10 години, ама никогаш не побрзавме околу реалните реформи и напуштањето на политичкото насилство и самоволие.

 

 

 

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини