СЕ ДВИЖИМЕ КОН 5% ЗА НАТО, ЗА НИКОГАШ ДА НЕМА ПОТРЕБА ОД 40% Муцунски објасни што опфаќаат трошоците освен одбраната

Тука е и сајбербезбедноста. Во изминатиот период често бевме мета на ваков тип напади. Исто така, тука се стартапите кои ќе имаат пристап до НАТО-фондовите. Нам ни фали индустриска база, наменска опрема. Зависници сме од светската автоиндустрија која доживува турбулентни времиња. Наместо тоа, зошто да не привлечеме инвеститори во наменската индустрија за овој сектор?, истакнува министерот.

317

Македонија не е единствената земја која прифати да ги зголеми трошоците за НАТО на 5% бруто домашниот прозивод до 2035 година, туку тоа го прифатија сите, а причината беше шда се спречи кризно трошење во време на евентуален конфликт.

Вака ја објасни министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски одлуката на сојузниците на НАТО пред самитот во Хаг одговарајќи на новинарско прашање.






– Тие 5% се за никогаш да не мора да потрошиме 40%. Се работи за историска, дури генерациска одлука за стабилност во НАТО-чадорот во кој припаѓаме. Идните генерации ќе мора да ја спроведат оваа одлука, не само сегашната влада и сегашниот состав на министерството за одбрана – вели Муцунски.

Муцунски вели дека не само што ќе бидат пресметани сите трошоци при зголемувањето на процентот во следните години, туку дека на списокот ќе влезат клучни проекти во индустријата, но и во инфраструктурата како Коридорите 8 и 10.

– Тука е и сајбербезбедноста. Во изминатиот период често бевме мета на ваков тип напади. Исто така, тука се стартапите кои ќе имаат пристап до НАТО-фондовите. Нам ни фали индустриска база, наменска опрема. Зависници сме од светската автоиндустрија која доживува турбулентни времиња. Наместо тоа, зошто да не привлечеме инвеститори во наменската индустрија за овој сектор? – истакнува министерот.

На денешната пресконференција министерството за надворешни работи и наворешна трговија го претстави сработеното во првата година од новиот состав.

Беа презентирани и бројните економски придобивки, меѓу кои и рекордни странски и капитални инвестиции и најава дека 4 мултинационални компаии ќе инвестираат повеќе од 150 милиони евра во индустриските зони.

Поврзани содржини