СЕ ДРОГИРАЛ, ПИЕЛ, СЕ ТЕПАЛ СО БРАТ МУ, УБИВАЛ ЛУЃЕ ВО АВГАНИСТАН… Мемоарите на принцот Хари го тресат кралското семејство

По неколкумесечно исчекување и многу публицитет, автобиографијата на принцот Хари „Spare“ („Резерва“) денеска се појави на полиците на книжарниците во неговата родна Велика Британија. Некои британски продавници останаа отворени до полноќ за објавување на најинтересното четиво, од кое се очекува да предизвика земјотрес во јавноста.

1,635

Британскиот принц Хари призна во мемоари за неговите тинејџерски денови дека првпат конзумирал кокаин на 17-годишна возраст, пишува британски „Скај њуз“.

На страниците 112 и 113 Хари пишува: „Секако дека тогаш земав кокаин. Во нечија куќа, за време на лов, ми понудија линија и оттогаш користам малку повеќе…“ Тој истакна дека не му било премногу забавно.






„Тоа не ме направи премногу среќен, како што беше случајот со другите, но направи да се чувствувам поинаку, а тоа беше мојата главна цел. Да се чувствувам, да бидам поинаков”, напиша Хари.

Тој вели дека тогаш имал 17 години, бил желен да проба речиси сè што ќе го промени воспоставениот поредок.

„Барем сакав да се убедам себеси дека е така. Во тоа време бев способен да се лажам себеси како и членовите на персоналот на кралското семејство“, наведува принцот Хари во своите мемоари.

Во интервју со познатиот водител Андерсон Купер во емисијата 60 минути Хари исто така откри дека „не можел да плаче поради смртта на мајка му поради товарот што го чувствувал“, па затоа се обидел со „експериментален третман користејќи халуциногени печурки и други психоделици“

Андерсон го праша дали ги обвини папараците за нивната наводна улога во сообраќајната несреќа во 1997 година во која загина Дијана во Париз кога тој имаше само 12 години. Хари одговори дека како деца „ним им било јасно дека британските медиуми имаат улога во страдањето на неговата мајка“.

– Се свртев кон жестоки пијалоци затоа што сакав да ги умртвам емоциите и да си го оттргнам вниманието. Знаете, користев и дрога – откри принцот, признавајќи му на Андерсон дека пушел трева и земал кокаин затоа што се чувствувал „безнадежен” и „изгубен“.

Цел свет зборува за британскиот принц Хари, откако започна нова битка против кралското семејство, објавувајќи ги своите мемоари во кои го напаѓа својот брат Вилијам, идниот британски крал, и не ги поштеди ниту кралот Чарлс Трети, принцезата од Велс, ниту неговата маќеа Камила Паркер-Боулс.

фото: твитер/принтскрин

 

По неколку месеци исчекување и многу публицитет, автобиографијата на принцот Хари „Spare“ (Резерва) денеска конечно се појави на полиците на книжарниците во неговата родна Велика Британија. Некои британски продавници останаа отворени до полноќ за објавување на најинтересното четиво за кралското семејство откако мајката на Хари, принцезата Дијана, соработуваше со Ендрју Мортон на книгата „Дијана: Нејзината вистинска приказна објавена во 1992 година. Во книжарница во лондонската железничка станица Викторија, персоналот точно на полноќ извадил нови копии од книгата од кутиите.

Објавувањето беше придружено со четири телевизиски интервјуа во Велика Британија и САД, каде Хари сега живее со неговата сопруга Меган.

Но, содржината на мемоарите, кои ќе бидат достапни на 16 јазици и како аудиокнига, веќе протекоа“ откако копии по грешка беа предвреме пуштени во продажба во Шпанија.

Во книгата, Хари открива дека неговиот брат Вилијам физички го нападнал додека се карале за Меган. Меѓу другото, тој опишува како ја изгубил невиноста, признава дека се дрогирал како тинејџер и открива дека убил 25 луѓе додека служел во Авганистан како припадник на британската армија, поради што бил осуден од талибанците.


Кралското семејство, особено Вилијам и сегашниот крал Чарлс Трети, се плашат од бројни непријатни и опасни откритија од книгата, додека британските медиуми детално ги расчленуваат тврдењата на Хари. Книгата доаѓа по шестчасовниот документарец на Нетфликс „Хари и Меган“, во кој двојката повторно упати обвинувања против кралското семејство и британските медиуми.

Иако се надеваа дека со тоа ќе ги освојат симпатиите на јавноста, неодамнешните анкети покажаа дека ефектот е спротивен, барем во Обединетотот Кралство. Анкетата на YouGov, објавена во понеделникот, покажа дека 64 отсто од Британците сега имаат негативно мислење за некогаш популарниот црвенокос принц, а ниту Меган не стои многу подобро. Омид Скоби, пријател и биограф на Хари и Меган, за Би-Би-Си изјави дека верува дека до крајот на годината, по досегашната „сапуница“, двојката ќе се одлучи за помала медиумска експонираност.

Поврзани содржини