Се доближуваме до бројката од 3.000 починати од ковид-19, седуммина мртви во денешната статистика – најмладиот има 48 години
Починати се двајца пациенти од Скопје (72 и 84) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73), Велес (48), Охрид (65), Кичево (65) и Дебар (80). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.107 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 161, Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга – 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
„Регистрирани се 638 оздравени пациенти од: Скопје – 328, Куманово – 44, Велес – 41, Тетово – 37, Струмица 31, Гостивар – 20, Кавадарци – 18, Штип – 14, Прилеп, Кочани и Битола – по 12, Гевгелија и Дебар – по 11, Охрид – 8, Кичево – 7, Делчево и Неготино – по 5, Радовиш – 4, Берово, Свети Николе и Валандово – по 3, Струга, Кратово и Богданци – по 2, Виница, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1 Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се двајца пациенти од Скопје (72 и 84) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73), Велес (48), Охрид (65), Кичево (65) и Дебар (80). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови“, се вели во соопштението.
Направените 2.107 теста се преку: ИЈЗ-445, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-197, Биотек-142, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина-164, лабораторија Лаор–144, МАНУ-101, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-22, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 593, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.
„Досега во земјата се направени вкупно 463.957 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558“, наведено е во соопштението.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: