СЕ ДЕМОНТИРА ДИВОГРАДБА ПОКРАЈ „КАПИТОЛ МОЛ“ ВО АЕРОДРОМ На негово место ќе има игралиште за деца

Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење.

201

Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани.

„Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена.






Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење. По отстранувањето, Општината ќе пристапи кон уредување на локацијата со современа урбана опрема, зелени површини и ново, модерно детско катче.

Со овој чекор, тревникот повторно ќе стане пријатно, безбедно и заедничко место за рекреација, игра и дружење – токму онака како што заслужуваат жителите на Аеродром“ – се вели во соопштението на Општина Аеродром.

Поврзани содржини