СЕ ЧУВААТ ЛИ ДОМА 850.000 ЕВРА? Ќе купувал хотел, му ги џапнале сите пари

босна и херцеговина, здена, сански мост, грабеж, хотел, пари

1,036

Во населбата Здена, кај Сански Мост, Босна и Херцеговина, ноќта меѓу петокот и саботата се случил филмски грабеж, објави српски Курир.

Граѓанин на Сански Мост, кој долги години живее во Соединетите Американски Држави, бил ограбен, а тој дошол во својот град на одмор. Во тој грабеж биле украдени 1,7 милиони КМ, што е околу 850.000 евра.






Според неофицијални информации, ограбениот сакал да купи хотел, па за таа цел чувал пари. Но, тој ги оставил парите во куќата и отишол на море, а кога се вратил останал шокиран, бидејќи немало пари.

Во станот има видливи траги од кражба, а сега се проверува и видео надзорот.

Поврзани содржини