Комуналните служби на Општина Аеродром деновиве спроведуваат акција за расчистување на дивата депонија во местото познато како Бановина во Горно Лисиче.
– Со цел зачувување на животната средина, Општина Аеродром апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и да не фрлаат отпад на јавни површини и надвор од соодветните места за отпад, во спротивно, следуваат казни согласно со законот – се вели во соопштението.