Се чекаат 500.000 вакцини од „Синовак“

Вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација.

326

Пратката од 500.000 вакцини против ковид-19, кои Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“, денеска ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Скопје. Пратката ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и амбасадорот на Народна Република Кина во Северна Република Македонија, Џанг Ѕуо.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на „Фејсбук“ објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација.






– Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица, напиша Филипче.

 

Поврзани содржини