СЕ ЧЕКА ВО РЕДИЦА ЗА БУРЕЦИТЕ НА СПАСИА ВО ЛОНДОН! Империјата на Мистик Бурек доаѓа

По отварањето на малиот локал во Сиденхам, во Саут Ист Лондон, кадешто сега нашата Спасиа Динковски со својот мал тим веќе испече и продаде речиси 900 пити бурек, не престанува масовниот одзив на лондончани кои како едвај да чекале на отворањето на локалот на Мистик Бурек пред кои секојдневно трпеливо чекаат во редици.

788

„Во првите три дена продадени 850 парчиња бурек! Рака на срце, ова беше најтешка недела во мојот живот.

Не можам ниту да почнам да го опишувам хаосот зад завесата, прекрасен хаос низ кој сите успеавме да се насмееме, иако јас доста и плачев, навистина беше работа за цело „село“, а јас сум опкружена со апсолутни поддржувачи, пријатели кои вложија сѐ за да ми помогнат да го направам ова, се откажуваа од плановите, доаѓаа кај мене после работа за да ми помогнат да се подготвам во текот на ноќта, да се погрижат да јадам, да се погрижат да се чувствувам поддржана, додека сите заедно ги гаснеме сите пожари“, вели Спасиа Динковски обидувајќи се да ни ја долови атмосферата од отворањето на нејзиниот локал во Саут Ист Лондон, со едноставно име: ДОМА.






Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини