Револт и нервоза меѓу скијачите од Македонија и регионот кои решија денеска да го минат денот на ски терените на Бистра.
Редот за купување на ски билети е долг стотина метри и во него чекаат стотина луѓе, пренесува Експрес.мк
Очевидец кој веќе 40 минути е во редот и кому му требаат уште дваесетина минути да дојде до шалтерот за карти вели дека ваква лоша организација не видел никаде а ги има поминато речиси сите регионални балкански и голем број ски центри во Европа.
Катастрофалната организација на ски центарот е дополнета со фактот што денеска воопшто не е можно да се купат ски карти онлајн.