Се чека одговорот каде се заразил пациентот од Козле, Заводот ќе работи амбулантски

Земени се материјали на уште 18 вработени, а веднаш по пристигнувањето на сите резултати ќе се направи план како ќе функционира оваа установа, Најверојатно од понеделник да работи само амбулантскиот дел со соодветен распоред на здравствените работници - изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

369

Немаме автохтоно жариште на вирусот, а чекаме резултати како се заразил пациентот од Заводот во Козле. По анкетите, земени се материјали на уште 18 вработени, а веднаш по пристигнувањето на сите резултати ќе се направи план како ќе функционира оваа установа, Најверојатно од понеделник да работи само амбулантскиот дел со соодветен распоред на здравствените работници – изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека денеска се поделени заштитни маски на матичните лекари. Станува збор за донација од 3.000 маски во текот на вчерашниот ден, а денеска и уште 3.000 платнени и хирушки маски кои ќе им бидат поделени на матичните лекари.

 






.

Поврзани содржини