СЕ ЧЕКА НА ПРВИОТ ИСТРЕЛ Сите предуслови за војна се присутни на полско-белоруската граница

Како што јавуваат поголем број на медиуми, кои имаат свои репортери долж границата, во текот на денешниот ден нагло е зголемена тензијата во регионот, а според одредени извори во секој момент може да се очекува почеток на вооружените дејства.

4,224

Мигрантите се наоѓаат меѓу двете линии на огнот, формирани од војските на полската и белоруската армија. Двете страни довлечкаа тешко вооружување, дополнителни контигенти на војници, а границата ја надлетуваат борбени авиони и хеликоптери.

Сите предуслови за војна се обезбедени на полско-белоруската граница, каде повеќе недели трае драматичната состојба со мигрантите, кои се обидуваат да влезат во Полска и потоа да продолжат за другите земји од Европската Унија.






Како што јавуваат поголем број на медиуми, кои имаат свои репортери долж границата, во текот на денешниот ден нагло е зголемена тензијата во регионот, а според одредени извори во секој момент може да се очекува почеток на вооружените дејства.

Голем број на мигранти од Сирија, Ирак и од Авганистан, со денови се обидуваат да ја преминат полската граница, во обидот да дојдат до Германија и други западноевропски земји. Полските безбедносни служби не дозволуваат преоѓање на територијата на нивната земја, а за кризата го обвинија белорускиот лидер Александар Лукашенко, кој според нив, се обидува да ја дестабилизира ЕУ со нов бегалски бран.

Инаку, мигрантите во Белорусија допатуваа со авиони, главно преку линијата Инстаnбул-Минск, која до неодамна беше отворена за државјаните на овие земји.

Во меѓувреме, од двете страни на границата е забележано зголемено присуство на војска и воена опрема, што дополнително ја зголемува и онака тензичната ситуација. Од полската страна на границата се распоредуваат и војници на НАТО, додека Лукашенко јавно обзнани дека Русија му ветила помош во случај воениот конфликт да избувне.

Голем број на хуманитарни организации апелираат на тешката состојба во која се наоѓаат мигрантите, кои без засолништа, храна и без лекови, се приморани да опстојуваат на отворено во текот на есенските и зимските месеци.

Поврзани содржини