СЕ БУДЕВ ИЗМОРЕНА И СЛАБЕЕВ Јелена Розга проговори за здравствените проблеми
Покрај проблемите со срцето, Розга има и проблеми со тироидната жлезда од 2006 година.
Хрватската пејачка Јелена Розга изјави дека има проблеми со срцето и тироидната жлезда и дека одамна се бори со нив. Бидејќи редовно ја зема терапијата, пејачката изјави дека се чувствува добро.
– Редовно пијам терапија, внимавам на исхраната и ги слушам советите на лекарите. Научив да живеам и да се справувам со тоа – изјавила Розга.
Пред да побара лекарска помош, во еден момент, пред три години, одреден период не се чувствувала добро, но мислела дека сето тоа е само замор, пишуваат хрватските медиуми.
– Со денови претходно чувствував дека нешто не е во ред, но мислев дека во прашање е стрес и замор, а претходната година ми беше исклучително тешка. Тој ден кога ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето ми чукаше толку многу што се исплашив дека едноставно само ќе се срушам – изјавила Јелена.
Покрај проблемите со срцето, Розга има и проблеми со тироидната жлезда од 2006 година.
– Се будев изморена, постојано се чувствував замор и слабеев. Отидов на лекар и добив дијагноза. Набрзо почнав да земам лекови, понекогаш е тешко да се живее така, понекогаш е полесно – рекла пејачката, додавајќи дека благодарение на терапијата и дисциплината сега физички се чувствува одлично.
„Сè уште можам да пеам и танцувам со мојата публика речиси два часа“, вели Розга.
ФОТО: Инстаграм