МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 28.10.2020 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Ф.Ч.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
КУЧЕ ГРИЗНАЛО ДЕТЕ ВО РАДИШАНИ – На 28.10.2020 во 08.40 часот во Полициската станица Чаир, Д.Ј.(32) од Скопје пријавил дека во населбата Радишани неговиот син бил каснат од куче скитник.
КУП ГРАНАТИ ВО БИТОЛА – На 28.10.2020 во периодот од 09.50 до 15.50 часот во Битола, при изведба на градежни работи во близина на стадионот „Тумбе кафе“ биле пронајдени 459 гранати од Првата светска војна. Истите биле подигнати од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
МАРИХУАНА ВО ВОЗИЛО – На 29.10.2020 околу 01.00 часот, во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(19), Р.Р.(20), Б.Ш.(20) и К.И.(21), четворицата од тетовски Пирок, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксфаген голф“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.Ш, а во кое тие се превезувале, била пронајдена марихуана. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово.
ДВАЈЦА ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ ЏОИНТ – На 28.10.2020 околу 21.30 часот, на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 33-годишната С.Ј и 24-годишниот Н.А., двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ДОЗВОЛА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе до ОЈО Свети Николе поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ. (46) од с.Каратманово, Лозово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ На 21.10.2020 пријавениот вршел јавен превоз без да поседува лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски на огревно дрво со товарно моторно возило на релација с.Крушица-с.Каратманово.
ПРОНАЈДЕНА МАЛОЛЕТНИЧКА – На 29.10.2020 во 00.15 часот во Скопје на ул.„Самоилова“, полициски службеници ја пронашле Ш.А.(14) од Скопје, за која на 25.10.2020 било пријавено дека се оддалечила од домот.
ТЕШКА СООБРАЌАЈКА – На 28.10.2020 во 08.35 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Јадранска магистрала“ и сервисната улица „Качанички пат“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(22) од Скопје, и патничко возило „форд“, со косовски национални ознаки, управувано од Б.Ч.(54) од Р.Косово. Во незгодата, Б.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
КУЧЕТО КАСА – На 28.10.2020 во 21.30 часот во Полициската станица Аеродром, А.Ј.(23) од Скопје пријавил дека во близина на Железничка станица Скопје бил каснат од куче скитник.
(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 29.10.2020)