„СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ ХЕГЕМОНИСТИЧКАТА ПОЛИТИКА НА САД“ Путин му се заблагодари на Ким за поддршката
Путин беше пречекан со голема церемонија на централниот плоштад во Пјонгјанг.
Русија се бори против децениска „хегемонистичка и империјалистичка политика“ на САД и нивните сојузници, рече претседателот Владимир Путин на почетокот на разговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Пјонгјанг.
– Мислам на нашата борба против хегемонистичката, империјалистичка политика што ни ја наметнаа САД и нивните сателити во однос на Русија со децении – рече Путин.
Тој му се заблагодари на севернокорејскиот лидер за поддршката на Северна Кореја за Русија, вклучително и за прашањето за Украина.
– Високо ја цениме вашата доследна и цврста поддршка за руската политика, вклучително и украинската насока – рече Путин.
Тој додаде дека интеракцијата меѓу двете земји се заснова на принципот на еднаквост и взаемно почитување на нивните интереси.
Според него, Русија и Северна Кореја се поврзани многу децении со вистинско пријателство и добрососедство.
Путин беше пречекан со голема церемонија на централниот плоштад во Пјонгјанг.