СЕ БОРИ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ Новороденчето чија мајка почина во Куманово е на респиратор

Новороденото е на респираторна машина. Продолжува третманот, рано е дадеме некаква прогноза за последиците. Сè уште е во тешка општа состојба и е на респиратор, изјави директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

296

Лекарите од Детска клиника ја следат состојбата на новороденчето чија мајка почина во петокот (27 септември) при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска од Клиниката за детски болести. Оттаму велат дека не можат да прогнозираат каква ќе биде состојбата со новороденчето.

– Новороденото е на респираторна машина. Продолжува третманот, рано е дадеме некаква прогноза за последиците. Сè уште е во тешка општа состојба и е на респиратор – изјави директорот на болницата, Реџеп Мемеди.






31-годишна родилка од Куманово почина во петокот при породување во кумановската општа болница. Новороденчето со екипа од кумановската болница беше префрлено на Ургентен центар на Детската клиника. Јавното обвинителство ги чека резултатите од обдукцискиот наод, истрагата ќе треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка.

Поврзани содржини