СЕ БОРАМ ЗА ПОУБАВ И ПОЗЕЛЕН ГРАД НЕ ЗА ФОТЕЛЈА Герасимовски фокусот ќе го стави на новиот парк на местото на ПУИК
Во инфраструктурата Герасимовски рече дека фокусот ќе го стави во нови вело-патеки, додека важен приоритет ќе посвети на обезбедување доволно и гарантирани паркинг- места за центарци.
Многу сум среќен што сум меѓу пријатели и прекрасни луѓе. Центарци секогаш биле гласни и цврсти во своите ставови. Со центарци нема шега, тоа ВМРО-ДПМНЕ најдобро го знае. Вака Горан Герасимовски го започна своето обраќање пред присутните на плоштадот „Јадран Сквер“.
Герасимовски истакна дека е спремен да ја прифати градоначалничката позиција и дека центарци секогаш бирале луѓе кои се блиску до граѓаните, одговорни и кои знаат да слушаат и учат но и вистински да служат.
За проектите Герасимовски рече дека ќе работи според приоритетите кои веќе му се лоцирани, а фокусот ќе биде ставен во чистата животна средина и подобрување на хигиената во општината.
– Со проширување на дејноста на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во комунално претпријатие, општината ќе обезбеди чисти улици и паркови секаде и секогаш. Во инфраструктурните инвестиции предвидени се нови градинки во населбите Пролет и Маџир Маало, како и доградба на училници во ООУ „Коле Неделковски“. Посебен фокус ќе бидат младите, поддршката за нив и стимулацијата да напредуваат во секој аспект. Токму затоа максимум ќе вложуваме во нивниот развој, обезбедувајќи финансиска поддршка, но и подобри услуги на локално ниво – рече Герасимовски.
Во инфраструктурата тој рече дека фокусот ќе го стави во нови вело-патеки, додека важен приоритет ќе посвети на обезбедување доволно и гарантирани паркинг- места за центарци.
– Истовремено, наша голема заложба е ослободување и обновување на зелените површини во центарот на градот. Во таа насока, на местото на ПУИК ќе се постави нов парк и монтажен паркинг со 296 паркинг-места. Планирана е изградба на мала општинска административна зграда, со што ќе го ослободиме просторот каде што во моментов се наоѓаат општинските бараки. Овој дел ќе биде хортикултурно уреден и ќе биде поставена модерна урбана опрема. Ќе се обезбеди пристап до портата на старата Учителска школа, а се планира да се реставрира за да се истакне нејзината културно-историска вредност. Во новите простории ќе се обезбеди простор и за Младинскиот Центар, како и за непречена работа на други здруженија на граѓани што работат во интерес на жителите на Општина Центар – изјави Герасимовски на конвенцијата.
Ревидирањето на преостанатите ДУП-ови Герасимовски ја потенцираше како особено важна. Тој рече дека урбанизацијата ќе ја води заедно со граѓаните, а негова крајна цел ќе биде хуманизација на јавниот простор, повеќе градинки, паркови и игралишта, а помалку згради и бетон.