СЕ БОЦКААТ ДЕЦА ОД 2 ГОДИНИ Со домашни и неодобрени вакцини Куба вакцинира деца
Земјите како Кина, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела информираа дека планираат да ги вакцинираат помладите деца, но Куба тоа прва го реализира.
Куба е првата држава во светот која почна со вакцинација на деца од 2 години и постари со домашна вакцина против ковид-19 која сè уште не е одобрена од Светската здравствена организација.
Државата која има 11, 2 милиони жители планира да ги вакцинира сите деца пред повторно да се отворат училиштата, кои се затворени од март 2020 година.
Новата училишна година почна во понеделникот, но наставата се одвива преку телевизиски програма со оглед на тоа дека повеќето кубански домаќинства немаат пристп до интернет.
Откако ги заврши клиничките испитуваа на малолетниците со домашните вакцини Абдала и Соберана, Куба во петокот почна кампања за вакцинација на деца од 12 години.
Во понеделникот почнала дистрибуција на вакцини за старосната група од 2 до 11 години во централната покраина Циенфуегос.
Во уште неколку држави во светот одобрено е вакцинирање на деца од 12 години па нагоре, а некои спроведуваат испитувања на помлади деца.
Земјите како Кина, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела информираа дека планираат да ги вакцинираат помладите деца, но Куба тоа прва го реализира.