ДРОНОВИТЕ ВО БАХМУТ ОТКАЖУВААТ Еве зошто се ближи крај на украинската супериорност во небото
Додека кинеската компанија ДЈИ ги забранува дроновите за користење и во Украина и во Русија, се шпекулира дека Русите го користат системот Аероскоп на истата компанија со кој можат да мапираат каде се наоѓаат леталата. Врџ лани напиша дека Русите развиваат проширена верзија на овој систем кој инаку го набавиле преку Сирија.
Победата или поразот во градот Бахмут во Украина зависат од кинески дронови по име ДЈИ, но Русите можеби наскоро ќе можат да им се спротивстават на Украинците во небото. Ова за Гардијан го објаснуваат двајца украински војници и оператори на беспилотни летала кои секој ден пред зори ги почнуваат своите акции со кои го бранат оној процент од градот кој остана неосвоен.
Сега тие бараат други алтернативи. На пример, Украина сака да набави нови дронови Лелека-100 или камиказе дронови и тоа околу 1.000 парчиња. Но, нивната ефикасност не е уште докажана.
– Во Миколајев поминавме 15 километри, а во Бахмут само 500 метри, па дури и тоа ни е проблем да поминеме со два дрона – рече за батериите на ДЈИ, Јарослав, еден од операторите и поранешен програмер.
Претходно, дроновите траеле со месеци. Всушност, 14 месеци Украина се опира на руските воздушни напади. Сепак, во идните три до четири месеци дроновите ДЈИ ќе станат неупотребливи.
Додека компанијата ДЈИ ги забранува дроновите за користење и во Украина и во Русија, се шпекулира дека Русите го користат системот Аероскоп на ДЈИ со кој можат да мапираат каде се наоѓаат украинските летала. Врџ лани напиша дека Русите развиваат проширена верзија на овој систем, кој инаку го набавиле преку Сирија. Системот користи цилиндрична антена која треба да ги открие сигналите од дроновите. Прашањето останува како овие сигнали се енкриптираат преку етернет-врска.
Аероскоп првично бил дизајниран за одржување јавен мир: ако непријателскиот дрон ДЈИ дојде во близина на аеродромска писта, стадион полн со луѓе или, да речеме, политички собир, полицијата може да ги предупреди луѓето и потоа да ги лоцира дроновите.
Компанијата ДЈИ рече дека е згрозена што нејзините беспилотни летала се користат за да предизвикаат штета. Но, Украинците и Русите ги набавуваат преку донатори. На пример, преку хуманитарната акција за Украина на американскиот актер Марк Хамил.
Со дроновите лесно се извидува, на нив можат да се прикачат гранати и други експлозиви.
Неодамна, Володимир Јаценко, еден од основачите на Монобанк, им понуди половина милион долари на програмерите чиј дрон ќе „слета“ на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај.
Во разговор со новинарите на украинскиот „Апостроф“, Јаценко потсети дека на 9 мај на Црвениот плоштад се одржува годишната парада за Денот на победата.
“20 million hryvnias to the UAV developer whose drone will fly to Red Square on May 9” . Monobank co-founder Volodymyr Yatsenko promised such an award. At the same time, there is one condition – there must be a patriotic Ukrainian slogan on the wings: “Glory to Ukraine”, “Glory… pic.twitter.com/Cue9F9KO3H
— Feher_Junior (@Feher_Junior) April 7, 2023
Во меѓувреме, Украина продолжува да извршува напади со дронови на окупираната територија, како во случајот со Крим, но и внатре во границите на Русија. Неколку инциденти на аеродроми, меѓу кој и еден на стотина километри од Москва беа забележани досега.
Денеска, беспилотно летало се урна на аеродромот во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави денеска претставник на службите за итни случаи. Нема повредени.
Украина повеќе пати го гранатираше регионот Белгород, кој е на границата меѓу двете земји.
Плусинфо веќе пишуваше дека во протечените документи од Пентагон се вели дека украинските сили нема да имаат доволно артилерија за противвоздушните ракетни системи и дека до 23 мај можат да имаат намалени капацитети ако не добијат нова муниција. Ова би го охрабрило Владимир Путин да ги извади своите Су-57 бомбардери во контраофанзива.