СЕ БАРААТ СНИМКИ И ТРАГИ ОД КОБНАТА ВЕЧЕР Обвинителството со први детали за смртта на 42-годишникот

Обвинителството издаде повеќе наредби за обдукција, вештачења и видео надзор за да се открие кој го застрелал 42-годишниот маж најден во возило во Нераште.

953

Обвинителството отвори истрага за смртта на 42-годишниот маж од Тетово, чиешто тело вчера беше најдено во паркирано возило „ауди q5“ во атарот на селото Нераште. Од институцијата соопштуваат дека има сомневања дека станува збор за убиство и дека веќе се издадени неколку клучни наредби за откривање на сторителот.

Од Обвинителството информираат дека е извршен увид на лице место и дека се работи интензивно на собирање траги.






– Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување снимки од видео надзор, како и други докази. По наредбите се постапува – велат од институцијата.

Безживотното тело на А.Б. (42) било забележано вчера околу 16.15 часот од полициски службеници при рутинска контрола. Возилото било запрено во поле покрај локалниот пат и веднаш се забележало дека нешто не е во ред. На стаклото од возачката страна имало дупка од куршум, а мажот бил облеан со крв во пределот на главата.

СВР Тетово соопшти дека првичните сомневања укажуваат дека мажот бил застрелан со огнено оружје.

Случајот го пријавила неговата сопруга Б.Б. (33) околу 2 часот по полноќ, откако А.Б. не се вратил дома и престанал да одговара на телефонските повици. Таа изјавила дека последен пат го видела претходната вечер околу 18 часот, кога заминал со автомобилот.

Полицијата веднаш почнала да го бара возилото, а неколку часа подоцна било пронајдено токму од страна на патрола во Теарце.

Обвинителството најавува дека истрагата се интензивира и дека ќе биде познато повеќе откако ќе бидат анализирани снимките, балистичките траги и резултатите од обдукцијата.

ЛИЦЕТО МУ БИЛО ОБЛЕАНО СО КРВ, КУРШУМ ВЛЕГОЛ НИЗ ШОФЕРШАЈБНАТА Безживотно тело на тетовчанец пронајдено кај Нераште

Поврзани содржини