СЕ БАРААТ АЛБАНЦИ ДА СЕ ВРАБОТАТ ВО ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ ВО БЕРОВО Заменик министерот од ВМРО-ДПМНЕ открива на какво дереџе е администрацијата

Да не споменувам дека во Македонски шуми се вработени 300 луѓе, а колабирано е претпријатието, од кои што Албанци се бара да се вработат во Ново Село и во Берово, за која непартизација зборуваме. Да не кажам, дека во Пошта се вработени нови административци, а им фалат поштари, вели Андоновски.

2,664

Дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски денеска гостуваше во дебатниот магазин Детектор на телевизија Сител.

– Се бараат етнички Албанци да се вработат во Македонски шуми во Берово – вели за Детектор техничкиот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски.






Според него, системот се партизира со години и во моментов, во институциите работат луѓе кои немаа соодветно образование за функциите кои ги вршат.

– Триесет нови вработувања има во последните два месеца во МИОА. Од тие 30 вработувања нема ниту еден информатичар. Во моментов одговорни за сајбер безбедност во МИОА се правник и професор по англиски јазик. Ниту еден информатичар. Во АЕК од 2013 е вработен последниот инженер. Агенција за електронски комуникации. Бројот на вработени во АЕК е зголемен за 15% овие 11 години. Ниту еден инженер не е вработен во тој период. Да не споменувам дека во Македонски шуми се вработени 300 луѓе, а колабирано е претпријатието, од кои што Албанци се бара да се вработат во Ново Село и во Берово, за која непартизација зборуваме. Да не кажам, дека во Пошта се вработени нови административци, а им фалат поштари – вели Андоновски.

Поврзани содржини