Се бараат 3.227 работници за услужни дејности и продажба
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,44 отсто.
Во третото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,69 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем број слободни работни места, односно 3.227 има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Највисока стапка на слободни работни места од 4,69 отсто има секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, додека најмала стапка од 0,17 отсто бележат секторите „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ и „јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,44 отсто.
Податоците на ДЗС Источниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,11 отсто.