СЕ БАРА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ ЗА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ Одбраната побара за Папазов да се изречат мерки за претпазливост

Обвинителството рече дека ќе се произнесе на следното рочиште, бидејќи во овој момент ги нема сите податоци за да донесе одлука.

0

На денешното продолжение на судењето за случајот „Пулс“ адвокатот Мите Лефков, бранител на поранешниот градоначалник на Кочани Љупчо Папазов побара укинување на притворот на својот клиент и определување мерки на претпазливост.

Адвокатот Лефков го повика Јавното обвинителство да се произнесе, но обвинителот рече ќе се произнесе на следното рочиште, бидејќи во овој момент ги немаат сите податоци за да донесат одлука.

Поврзани содржини