Се бара Сашо Мијалков – ЕБР пред неговиот дом (ВИДЕО)
Неофицијално наредбата доаѓа за да се обезбеди присуство на Мијалков за пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26 февруари, во кој тој е осомничен.
Полицијата вечерва трага по Сашо Мијалков. Екс директорот на УБК го бараат за да му достават наредба за куќен притвор издадена од Судот, објави ТВ21.
Неофицијално наредбата доаѓа за да се обезбеди присуство на Мијалков за пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26 февруари, во кој тој е осомничен.
Сашо Мијалков го нема во неговиот дом, а пред неговата зграда на Водно, „врие“ од полиција. Тука се и екипи на Единицата за брзо распоредување.
Мијалков се бара и на повеќе локации низ Скопје, каде што често престојувал.
Никој од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството не ги потврдува информациите за распишување на централна потерница за Сашо Мијалков, додека засилена полициска контрола ги проверува речиси сите автомобили на скопската обиколница.