СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ТАТКОТО И ЌЕРКИТЕ КРАВАРИ Подолго време ги малтретирале соселаните, спречиле инспектори и полицајци да ги одземат кравите

Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени.

0

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

Осомничените, татко и двете негови ќерки, како соизвршители на 2 декември, со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно решение за спроведување мерки за одземање домашни животни – крупен добиток.






Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени.

Според обвинителството, од нивното однесување произлегува дека и покрај сите досега преземени активности од голем број надлежни државни органи, осомничените сепак подолг временски период го малтретираат месното население и соседите, а сега започнуваат дејствија на спречување и спрема вработени во надлежни државни органи и инспекциски служби од Агенција на храна и ветеринарство, како и на униформирани полициски службеници.

 

🎥 СО ВРЕСКАЊЕ И ПИСКАЊЕ ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИКОТ НА „РАСПУШТЕНИТЕ“ КРАВИ Земјоделците велат дека им се нанесени огромни штети

Поврзани содржини