СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА 26-ГОДИШНИКОТ КОЈ СЕ ЗАКАНУВАШЕ ДЕКА Е ПОДМЕТНАТА БОМБА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Го признал делото во полиција, ќе одговара за тероризам

Осомничениот со својата постапка создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно со активирање на протоколите за антитерористичка проверка го пореметил и севкупниот воздушен сообраќај, велат од ОЈО.

1,886

Обвинителството поведе истрага за лицето кое на 16 август телефонски се заканувало дека е подметната бомба на аеродромот во Скопје. За осомничениот е побаран притвор. Според соопштението на ОЈО ГОКК, лицето се јавило на линијата 192 за итни случаи во раните утрински часови и тврдело дека бомбата е поставена на лет од Скопје за Анталија.

Веднаш по приемот на заканата од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам биле активирани протоколите за антитерористичка проверка и по неколкучасовна проверка е утврдено дека станува збор за лажна пријава.






„Осомничениот со својата постапка создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно со активирање на протоколите за антитерористичка проверка го пореметил и севкупниот воздушен сообраќај“, велат од ОЈО.

За случајот се огласи и Министерството за внатрешни работи. За осомничениот 26-годишник С.А. е поднесена пријава за кривично дело тероризам.

Полицијата вели дека е претресен неговиот дом. Во полициска станица тој го признал делото.

„При преземањето мерки, на 20.08.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со настанот, а тој бил лишен од слобода“.
Поврзани содржини