СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ На скопскиот аеродром беа фатени со речиси 1 милион фалсификувани евра

Осомничените по потекло од Камерун, од кои едниот жител на Франција, а другиот на Луксембург, на 4 октомври пристигнале на граничниот премин на скопскиот аеродром аеродром без валидна документација за влез во земјава и финансиски средства потребни за престој.

245

Скопското обвинителство нареди спроведување истражна постапка против две лица по потекло од Камерун кои се сомничат за фалсификување на речиси милион евра.

Осомничените по потекло од Камерун, од кои едниот жител на Франција, а другиот на Луксембург, на 4 октомври пристигнале на граничниот премин на скопскиот аеродром аеродром без валидна документација за влез во земјава и финансиски средства потребни за престој.






– При проверка, во нивниот багаж било пронајдено поголемо количество предмети за правење лажни пари. Така, првиот осомничен во багажот имал 3.744 парчиња црна хартија исечени со идентична големина како оригинални евробанкноти со видлив принт на пари од по 50, 100, 200 и 500 евра. Кај вториот осомничен, пак, биле пронајдени 5.632 парчиња бела хартија исечени со идентична големина како оригинални евробанкноти со видлив принт на пари од по 50, 100, 200 и 500 евра, како и 78 парчиња хартија без ознака. Вкупниот износ на фалсификуваните евробанкноти во рана фаза за изработка изнесувал 902.150 евра. Кај осомничените биле пронајдени и две шишиња со течност, едното со жолтеникава, а другото со темно-црвена боја, кои се користат за диференцирање на обичната хартија од онаа на која се печатат банкноти, како и една УВ-ламба – велат од обвинителството.

Јавниот обвинител достави до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје предлог за определување мерка притвор за двајцата странски државјани за кои постои опасност да се дадат во бегство или да го повторат делото.

Поврзани содржини