СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА 6, МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА 15 ОСОМНИЧЕНИ Обвинителството го процесира случајот со прилепската болница

Во текот на денот се очекува приведените да бидат изведени пред судија на претходна постапка.

596

Прилепското обвинителство побара притвор за шест лица и мерки на претпазливост за уште 15, осомничени во истрагата за злоупотреби во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Како што потврди претседателката на Основниот суд во Прилеп, Јасмина Шишковска, меѓу осомничените има и правни лица од Прилеп, Битола и Скопје, за кои обвинителството предлага забрана за учество во постапки за јавни набавки.






Во текот на денот се очекува приведените да бидат изведени пред судија на претходна постапка. Приведувањата следат по акција на Управата за финансиска полиција, спроведена по налог на Обвинителството, поради сомневања за злоупотреби во финансиското работење на болницата.

Според Обвинителството, од април годинава се води предистражна постапка за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. При досегашната истрага бил извршен претрес на осум локации во Прилеп.

Сегашниот директор на болницата, Кире Јоноски, кој ја презеде функцијата во 2024 година, уште тогаш јавно укажа на неправилности во работењето и на долг од околу 193 милиони денари што ја оптоварува установата.

Поврзани содржини