Се бара кривична одговорност за 229 газди на фирмите кои не исплатија плата на работниците, а зедоа државна помош
Обвинитеството за организиран криминал отвори предмет за овој случај.
За вкупно 229 работодавачи Обвинителството за организиран криминал и корупција треба да истражи зошто ја затаија државната помош и не исплатија плата на работниците, откако за нив Владата побара кривична одговорност. Предметот е веќе распределен кај надлежен обвинител.
– По анализа на наводите во предметот, јавниот обвинител ќе одлучи за понатамошната постапка и кои и какви дејствија ќе преземе.Јавните обвинители согласно закон може да побараат преземање на соодветни дејствија од страна на други институции, како и ангажирање на истражители од истите – соопштија од Обвинителството.
Кривична одговорност ќе се бара за нивните сопственици и директори.