СЕ ЈАВИ ТАТКОТО НА УКРАИНКАТА КОЈА ЈА УБИ ДУГИНА Не знаел дека Наталија е член на озлогласениот полк „Азов“

Таа рече дека биле однесени на обука, но не знам дали пукале таму или не – рекол таткото и додал дека неговата ќерка не учествувала во таканаречените антитерористички операции во Донбас кои ги спроведуваше украинската војска пред почетокот на војната. Според него, таа се пензионирала од војската поради здравствени причини.

10,868

Таткото на Наталија Вовк, која е осомничена за убиството на младата Дарја Дугина, изјавил дека не знае оти ќерка му била дел од озлогласениот баталјон „Азов“ во Украина, кој се поврзува со неонацизам и злосторства. Тој сепак, потврди дека таа служела во војската на Украина. Таткото не знаел дека Наталија е во Русија, ниту пак дека планира да изврши атентат, пишува Телеграф.

Таа му се јавила неколку дена претходно и му рекла дека е во Литванија. Според него, таа во војната прво исчезнала како бегалец низ Европа, но набрзо се вратила.






– Ја прашав како е, а таа ми рече: „Сè е во ред, сè е во ред“. Таа ме контактираше онлајн, на Скајп или нешто слично. Рече дека е во Литванија – изјави таткото на осомничената.

Како што наведува татко ѝ, Наталија се пензионирала од војската поради здравствени причини.

– Рече дека биле однесени на обука, но не знам дали пукале таму или не – рекол таткото и додал дека неговата ќерка не учествувала во таканаречените антитерористички операции во Донбас кои ги спроведуваше украинската војска пред почетокот на војната.

Да потсетиме, руската безбедносна служба ФСБ во понеделникот како главен осомничен за атентатот на Дугин ја именуваше Наталија Вовк (43). Според ФСБ, Наталија пристигнала во Русија на 23 јули заедно со нејзината ќерка, користејќи регистарски таблички на Народна Република Доњецк за да избегне контрола.

По атентатот на Дарја Дугина се смета дека Наталија избегала во Естонија. Видеото од Наталија и автомобилот кое беше објавено утринава предизвика бура во јавноста.

Поврзани содржини