СЕ ЈАВИ НАСТАВНИЧКАТА ОД СРБИЈА НА КОЈА Ѝ ГО ТРГНАА СТОЛЧЕТО „Не можам да одам на училиште, ми значи поддршката од колегите“
Таа вели дека не можела да го очекува тоа што се случило и дека само го прашала ученикот дали знае дека не е учтиво да стои зад некого, а тој во истиот момент ѝ го истргнал столчето. Вториот ученик пришол за да го сними видеото, а во близина бил и третиот средношколец. Професорката моментално е на боледување, а против учениците е поведена кривична постапка.
„Во моментов не можам да одам на училиште, се држам засега, има денови кога сум добро, има денови кога ми е потешко, многу ми значи големата поддршка од колегите од училиштето“.
Вака изјавила за „Новости“ професорката од Техничкото училиште во градот Трстеник во Србија на која учениците ѝ го истргнаа столчето пред да седне. Се работи за тројца ученици кои доцнеле на часот по англиски, а кога дошле го направиле инцидентот, пренесува Н1. Сѐ се случило на 9 ноември.
Таа вели дека не можела да го очекува тоа што се случило и дека само го прашала ученикот дали знае дека не е учтиво да стои зад некого, а тој во истиот момент ѝ го истргнал столчето. Вториот ученик пришол за да го сними видеото, а во близина бил и третиот средношколец. Професорката моментално е на боледување, а против учениците е поведена кривична постапка.
– Таткото на насилникот пишуваше пријави до директорот против мене додека ги подучував неговите постари синови. Прво, затоа што на едниот му дадов единица, а на другиот привремено му го одземав телефонот затоа што го користеше на час. Сепак, ова момче, виновникот за инцидентот. досега немаше ниту еден агресивен настап. Ова е втора година како го учам и се однесуваше нормално до дотичниот ден. Беше љубезен, работеше напорно, имаше позитивна оценка и затоа кога застана зад мене, како што можете да видите на видеото, не се нервирав, бидејќи не очекував да ми наштети. Да имаше некој поагресивен ученик на негово место и да имаше макар и тронка сомнеж дека нешто лошо ќе ми се случи, ќе станав и ќе се упатив кон вратата – вели 44-годишната професорката.
Таа додава дека при падот ја удрила главата така што го изгубила памтењето.
– Едноставно имам амнезија од моментот кога паднав и воопшто не се сеќавам на настаните што следеа. Бев во состојба на целосен психолошки шок. Знам само дека на лекар одбија да ми ја сликаат главата и раката, со оправдување дека нема повреди што ќе го бараат тоа. Случајот стигна до полиција и до суд, но имам впечаток дека тоа се формалности и дека е пропуштена можноста да се тестираат сторителите за присуство на забранети материи во телото.
Директорот на училиштето, Милан Глиџиќ за Н1 изјави дека до следната среда ќе биде донесена одлука за казната за овие ученици, а за случајот се информирани и јавното обвинителство, Центарот за социјална работа и управата на училиштето. Известени се и родителите кои се изненадени и згрозени од однесувањето на нивните деца, истакнува Глиџиќ.