СЕ ЈАВИ И „ОТПУШТЕНИОТ“ РОНАЛДО Ги сакам навивачите на Јунајтед, таа љубов нема да згасне

Напаѓачот моментално е на Светското првенство во Катар, а таму од сите играчи тој е единствениот играч без ангажман.

679

Го сакам Манчестер Јунајтед, ги сакам навивачите и таа љубов никогаш нема да се промени. Ова е првиот коментар на Португалецот Кристијано Роналдо откако вечерва беше на некој начин отпуштен од клубот и сега е слободен играч кој бара нов ангажман.

– По разговорите со Манчестер Јунајтед, заедно одлучивме да го раскинеме договорот. Го сакам Манчестер Јунајтед и ги сакам навивачите, таа љубов никогаш нема да се промени. Но, чувствувам дека е време да си побарам нов предизвик. А на Манчестер Јунајтед му посакувам сѐ најдобро – изјави Роналдо.






Напаѓачот моментално е на Светското првенство во Катар, а таму од сите играчи тој е единствениот играч без ангажман.

Поврзани содржини