СЕЌАВАЊЕ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ БУСКАЉОНЕ Во Кинотека филм за успонот и падот на италијанскиот артист
Проекцијата и концерт на групата NYX ќе се одржат утре (вторник), со почеток од 20 часот, во холот на Кинотеката.
Филмот „Фред”, посветен на Фред Бускаљоне, по повод стогодишнината од неговото раѓање, ќе се прикаже во Кинотека на Македонија утре (вторник), со почеток во 20 часот. По проекцијата, концерт ќе одржи македонската група NYX, која ќе ги изведува неговите песни во живо.
Овој настан го организира Амбасадата на Италија, во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија.
Италијанскиот музичар, пејач и мулти-инструменталист Фред Бускаљоне ((1921-1960), беше популарен во 1950-тите години. Неговиот прв сингл во 1955 година е продаден во 1 милион изданија.
Ликот што е интерпретиран во неговите песни и филмови секогаш претставува забавен човек од подземјето, со склоност кон виски и кон жени, а е инспириран од филмовите во кои главните улоги ги толкуваат Кларк Гејбл и Мики Спилејн.
Филмот го раскажува ѕвездениот успон и падот на Фред Бускаљоне: тешките времиња на почетокот, незадржливиот подем и ненадејното исчезнување од сцената.
Проекцијата и концертот ќе се одржат утре, со почеток од 20 часот, во холот на Кинотеката, согласно со владините протоколи и препораки за превенција од ковид-19.