СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ Денеска и утре ќе биде затворена по една лента

Од ЈП „Улици и патишта“ апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот. 

144

Поради градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, на потегот од крстосницата со улица Боца Иванова до населеното место Кучевишка бара, од денеска ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Како што соопштија од ЈП „Улици и патишта“ Скопје, времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива од 8 часот наутро до 14 часот попладне во едната насока, а утре во истиот временски период на другата спротивна насока.






Од ЈП „Улици и патишта“ апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот.

Поврзани содржини