Се апсат странци барани од Интерпол, се шверцуваат и по 50 мигранти во возило

301

Велешанец натоварил 50 мигранти во мерцедес Вчера во 19.30 часот на локален пат кон село Три води, во непосредна близина на „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Х.(25) од Велес. При контрола на товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал Д.Х., биле пронајдени 50 мигранти и тоа 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан. Д.Х. бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица, а увид на местото извршиле екипи на Регонален центар за гранични работи и СВР Струмица. По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде  поднесена соодветна пријава. 

Го фатиле со мигранти во алфа ромео, па сакал да избега На 27.07.2020 околу 20.00 часот кај место викано „Канда“, на магистрален пат Штип – Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Р.С.(30) од Скопје, кој управувал патничко возило „алфа ромео“, со светиниколски регистарски ознаки, а во кое биле пронајдени шест лица мигранти од Пакистан. При неговото запирање, Р.С. се обидел да го побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото било утврдено дека регистарските ознаки припаѓаат на патничко возило „фолксваген“. Р.С. и мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Свети Николе за понатамошна постапка. 






И кичевец со куп мигранти во возило сакал да избега На 27.07.2020 околу 05.00 часот на место викано „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.И., кој управувал возило со кичевски регистарски ознаки. При запирање на возилото, тој се обидел да побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото биле пронајдени 39 лица мигранти (35 од Сирија и четири од Ирак). Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле сместени во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Б.И. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти “. 

Тешко повреден мотоциклист од Скопје Вчера во 15.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(32) од Скопје и патничко возило „цитроен берлинго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(39) од Скопје. По незгодата, В.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Уапсено момче од Албанија барано од  Интерпол Вчера во 17.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле M.С.(22) од Р.Албанија бидејќи при извршени гранични проверки било констатирано дека се наоѓал на листата со мерка „Апси“, по барање на Интерпол од Белгија. Лицето било  предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Скопјанка касната од куче Вчера во 14.40 часот во Полициска станица Центар, А.М.(24) од Скопје пријавила дека на бул.„Кочо Рацин“ била касната од куче скитник. 

На 35 скопјани „пајак” им ги кренал возилата Во текот на 27.07.2020 на подрачјето на СВР Скопје 35 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.  

Поврзани содржини