СЕ АКТУЕЛИЗИРА НЕДЕЛА, НЕРАБОТЕН ДЕН Измените на законот готови, се чека собранието

Со овие иземни на Законот за работни односи се овозможува над 92 отсто од вработените да одморат во недела, и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот.

393

На барање на Синдикатите и во тесна соработка со Владата, подготвен е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи. Со овој Предлог-закон, се дефинира дека недела е ден на неделен одмор, информира портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.

Тој на денешната прес-конференција напомена дека Владата очекува наскоро овие измени да бидат усвоени од страна на Собранието, бидејќи е во насока на унапредување на работничките права.






Со овој Предлог закон за измени на Законот за работни односи, како што рече, се овозможува над 92 отсто од вработените да одморат во недела, и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот

Исто така, измените предвидуваат најмалку 50 отсто повисока дневница и слободен ден.

Поврзани содржини