СДСМОВСКАТА ПРОПАГАНДА СЛОБОДНО КРЕИРА ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ ТРАМП Тричковски и Јовановиќ шират теории на заговор на Фејсбук, фактчекерите молчат
Во вакви околности, би требало да се очекува реакција на Амбасадата на САД, особено кога лажните вести се објавуваат и во медиуми. Но, молчи и Калето.
Неверојатна теорија на заговор за атентатот врз Доналд Трамп на Фејсбук и на порталот Фронтлајн пласира Бранко Тричковски, познат ас на пропагандата на СДСМ.
„Имам една теорија која вели дека тоа е инсценација на неговите служби. Во Америка нема таква снајперска стрелба, демек пукотници, во који гине некој од публиката, а на главниот му е огребано десното увце…“, пишува тој на Фејсбук.
Зачудувачки, колумна со ваквата теорија Тричковски објавува и на порталот Фронтлајн.
Со слична теорија и со говор на омраза кон Трамп се огласи уште еден ас на пропагандата на СДСМ, Ненад Јовановиќ.
Двата поста, кои се креирани лажни вести, можете да ги видите на крајот на овој напис.
Она што зачудува е што овие лажни вести се шират организирано, а на тоа засега не реагираат македонските фактчекери, кои се и партнери на Фејсбук.
Во вакви околности, би требало да се очекува и реакција на Амбасадата на САД, особено кога лажните вести се објавуваат и во медиуми. Но, молчи и Калето.
Што да се каже, освен – неверојатно…