СДСМ ЗНАЕ ДА ЈА ПРОДАВА ДРЖАВАТА И ДА МЕСТИ ТЕНДЕРИ Петрушевски жестоко ја критикува опозицијата за бегањето од темата Груби

Пратеникот Бране Петрушевски жестоко ја критикува СДСМ, тврдејќи дека партијата создава „приказни и циркузи“ наместо да се занимава со суштинска борба против корупцијата и криминалот, додека ВМРО-ДПМНЕ нагласува решителна акција на надлежните служби.

0

На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, жестоко го критикуваше СДСМ, истакнувајќи дека партијата се занимава со „театар и циркузи“ наместо со суштинска борба против корупцијата и криминалот.

– Времето покажува дека на СДСМ – безрбетна најдобро и оди кога нешто треба да се продава, распродава и да се мести. И тоа е така без разлика дали се работи за местење на тендери или продавање на државата – истакна Петрушевски.






Тој нагласи дека, наместо да го поздрави чинот на справување со незаконити дејствија и фаќање на лица кои бегаат од правдата, СДСМ „секојдневно создава приказни“.

– Очигледно е зошто го прават тоа. Веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани, какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно, во што сѐ шурувале – рече Петрушевски.

Тој потенцира дека актуелното раководство на СДСМ, вклучувајќи ги Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, секојдневно „кажуваат приказни за театар, циркузи“, а избегнуваат суштината: решителна борба со криминалот и корупцијата.

– Но, вистината е една, професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува дека борбата со корупцијата и криминалот е сега решителна – додаде Петрушевски.

Тој заклучи дека за СДСМ она што го зборуваат за другите, најмногу зборува за нив сами, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се фокусира на борбата со корупцијата, криминалот и поставувањето здрави темели на владеење на правото.

Поврзани содржини