СДСМ-ЗБУНЕТА ГО ИСКАРА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ Како не ти е срам, децата немаат превоз, а ти се возиш со кола што ние ја купивме!
Новите возила за учениците скапуваат во гаражите на општината, а првиот човек на Битола се развозува со нов џип на електричен погон, набавен пред една година од претходната градоначалничка на Битола од редовите на СДСМ, обвини денеска Весна Баковска, претседател на Комисија за образование на СДСМ Битола.
За учениците нема превоз, ама градоначалникот Тони Коњановски се вози со новиот џип Пежо 2008, набавен пред една година од претходната градоначалничка на Битола, рече на денешната прес конференција, Весна Баковска, претседател на Комисија за образование на СДСМ Битола.
– Изминува трет месец од почетокот на учебната година, а учениците кои доаѓаат на настава во Битола од околните населени места уште немаат обезбеден превоз од општината. До каде е градоначалниче Тони Коњановски постапката? Има ли надеж до крајот на полугодието да го обезбедите превозот кој е законска обврска на општината? Кој ќе ги покрие тршоците на семејствата што имаат учениците кои секој ден патуваат до Битола? Зошто од седумте нови возила, набавени од претходната локална самоуправа во функција не се ставени ниту комбијата за превоз на ученици, ниту комбијата за превоз на лица со посебни потреби, туку само белиот џип Пежо 2008 од кого Коњановски не се симнува? Новите возила за учениците скапуваат во гаражите на општината, а првиот човек на Битола се развозува со нов џип на електричен погон! Ете тоа е реалноста во Битола со локалната власт предводена од ДПМНЕ и Тони Коњановски – рече Баковска.