СДСМ ЗАГЛАВИ ВО „ГРУЕВИЗАМ“, ЌЕ ПОНУДИМЕ НОВА ОПЦИЈА Максим Димитриевски за мотивите да формира движење за настап на парламентарни избори

Тоа ќе биде движење со лев карактер и со централни политики по однос на националните прашања на државата. Луѓето кои што во моментов ја водат и менаџираат СДСМ ја трансформираа партијата во своевидна приватна фирма - вели Димитриевски.

1,141

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски со своите приврзаници ќе формира граѓанско движење по примерот на движењето „За наше Куманово” кое беше формирано за локалните избори.

– Тоа ќе биде движење со лев карактер и со централни политики по однос на националните прашања на државата. Никогаш немам кажано нешто негативно за мојата партија СДСМ, но ќе потенцирам дека луѓето кои што во моментов ја водат и менаџираат СДСМ се далеку од социјалдемократските вредности и партијата ја трансформираа во своевидна приватна фирма, или пак може да се дефинира како груевизам” – изјави Димитриевски за Мкд.мк.






Тој вели дека пред граѓаните на парламентарните избори ќе излезе со реално прифатливи политики како понуда со кои првенствено ќе се направи ред, правен поредок и просперитет на државата, со акцент на економски развој и владеење на правото.

Главната наша сила ќе се црпи од граѓаните и ќе се работи за интересите на граѓаните, а во никој случај во интерес на некој политички субјект или поединец. Движењето е веќе регистрирано во Куманово како невладино, а во моментот кога ќе добиеме информација за времето на одржување на следните парламентарни избори, движењето ќе биде официјало промовирано во јавноста – вели Димитриевски.

Тој информира дека веќе се работи на програмата и има експерти од буквално сите општествени области.

– Станува збор за врвни интектуалци, теоретирачи и луѓе од праксата, како и за луѓе од реалниот бизнис, но и успешни работници и земјоделци, како и од други категории на луѓе и професии. Верувам дека граѓаните ќе ја препознаат искреноста на ова движење во најава, а потоа и ќе ги увидат реалните специфики кои ќе придонесат да се направи пресврт на политичката сцрена, а тоа значи да се елимириаат сите негативни навики во македонскиот плурализам. А најлошата навика е што граѓаните се ставаат во функција на политиката, а не се става политиката во функција на граѓаните и државата вели Димитриевски.

Во однос на надворешната политика, Димитриевски посочи дека надворешната политика на Македонија е дефинирана во далечните 90-ти години, каде стратегиски интереси се членство во НАТО и во ЕУ, градење на добри односи со сите соседи и создавање нови пријатели во светот.

– Ќе градиме соработка со сите држави, но во интерес на Македонија, со поддршка за развој на демократските општества. Ова движење ќе се држи до тие стратегиски определби за државата, за што впрочем и постоеше консензус. Ние сме подготвени да соработуваме со секоја држава, но која ѝ мисли добро на Македонија – изјави Димитриевски.

 

 

 

Поврзани содржини